паѓа (гл.) - од (предл.)

Човекот често изгледа како да останал паднат на глава, онака како што излегува и паѓа од утробата и никогаш не успева да стане на нозе за да види како вистински стојат работите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Слободата сама не паѓа од небото. Ние треба сами да си ја извојуваме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- И, затоа - прифати Даме Груев, сите треба да се заколнеме дека чесно ќе се бориме сами да се ослободиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А тие сега го гледаат зад грб и паѓаат од смеа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не стасуваат луѓето. Сам гледаш, паѓаат од работа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ване, не како најтрезен колку како најприсебен, бидејќи повеќе отпиваше отколку што голташе од бинлакот, ги одвлечка полузаспани и полумортуси во шаторот, под уште топлите крила на импрегираното платно, и ги остави да грчат и да се лигават на сувата папрат врз која паѓаа од грутчестите душеци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Под секира дабот, што бури победувал, така смртно под рани се веде, а потоа паѓа од моќната дрварска рака, ама - врз дрварот беден... “ Албанецот тоа го раскажа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Одекнуваа клето неговите зборови од скршените камбани кои паѓаа од врвовите на црквите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Летаат ли Оџа магарињата?“ „Не знам. Не сум слушнал. Само имам видено како паѓаат од облаците самари!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Јас се смеам а Ристе молчи. Затоа и решив да го напуштам надитрувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ме разбуди некакво страшно тропотење, ги отворив очите и прво што видов беа парчиња малтер што паѓаа од таванот и ѕидовите и почувствував дека нешто ме гуши.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Врапците паѓаа од гранките смрзнати, како погодени од сачма.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се лизгаш низ сопствените раце, како јагула немирен, и за себе недофатлив И светот со тебе се лизга ко дете на тобоган, Привремено весело, сепак...повторливо, толку извесно просто неинтересно - се знае дека на крајот ќе падне она што паѓа од високо.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Да-да-да, и јас обрнав внимание на тоа, - велеше другиот паѓајќи од смеа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Другиот веднаш се фаќаше за стомак и се виткаше од смеа, сфаќајќи, јасно е, дека кралот воопшто нема никаква облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И во оваа камена гробница Арсо сѐ повеќе ја губи способноста да го држи чеканот што му паѓа од раката. А своето место не го отстапува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Паѓам само во некоја празнина. Ко ѕвезда што паѓа од ведро небо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мушамената торба ѝ паѓа од раце, и штотуку сфаќам дека зад грб можам да ѝ помогнам побрзо да го мине патот до уличната врата, до земјата и малку под неа, ја снемува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Извичникот го ѕвекна плочникот бидејќи паѓаше од висина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мушамената торба ѝ паѓа од раце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако ѝ се роди женско — туѓа челад е, што се вели, нека крни глава, нека го ќердоса Митра; ама ако ѝ се роди машко, ќе и се обиде ако може да ѝ го дрпне, та така нејзиното што ѝ паѓа од Илка да ѝ се најде за Нешка, да си ја удоми на куќи, а Трајковото да си го остави на синчето што ќе дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои паѓаат од коњите, други ги дигаат и сами пијани, но благодарејќи на убавото суво и топло време, немаше опасност ни од кал ни од простуда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гајдите свират, дури саѓите паѓаат од гредите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Брз е тој чин на разделбата! Маските на тагата паѓаат од лицата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По многувековното слушање единствено благи и тивки ветриња, слушањето лисја што паѓаат од дрвјата и трева што меко расте додека снеговите се топат, Ушите сега се подмачкаа, ги навлекоа затегнатите, големи опна по кои дамарите на освојувачите трепереа како лесен лепет на крилја од некој комарец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Знаеш откопувањето не е лесно. Просто не ти оди. Од многу искуство си станала неспретна, не небрежна: сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислам дека пепел ми паѓа од непцата, жежок талаш, пилевина, којзнае што.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не го заборавија ниту гулабите кои ги јадеа трошките што паѓаа од устите на скитниците и бездомниците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Погледот горд и безмилосен, гневен и убиствен, огнен, суров прониклив, победнички, исполнет со вера и само што гром и оган не паѓа од небо за да го спепели непријателот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка ги запамти и овие негови кажувања: - Ако бомбата пукне до тебе, тогаш - крст, ако бурето со оган што паѓа од небо, падне до тебе, тогаш - пепел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СТЕВО: Мајстор што паѓа од скелиња. Гледај каква куќа си изградил!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па и онаа мајка ми, бетер од нив е, во „кома“ паѓа од восхит по мојата коса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вели, таа ми била прекрасен дар што особено ме краси и ме прави различна од другите, а кога ќе почнам да се поплакувам и да кажувам колку сум очајна, а никако не горда и задоволна, таа сè ќе стори да ме разубеди, но попусто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)