Во секоја капка дожд е збрана една цела историја на музиката: кога паѓа низ олуци дождот е лимен оркестар што им свири на уличните танчери.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Под снопот свежи зраци што паѓаше низ отворчето на облачницата, една бела мечка си ги чешлаше своите младенчиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Никогаш нема да ја заборавам; првин, ноќта како да распукна пред острината на пиринскиот врв, потоа пак сѐ поцрне, за да се искапе, малку потоа, снежниот врв во белината што почна да паѓа низ него, како превез низ снагата од мома.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)