паѓа (гл.) - врз (предл.)

Но тука беше нашата мајка и нашата баба Русинка, таа достоинствена полничка старица, со долги белоруси коси, со позлатени прамени што ѝ паѓаа врз широкото чело, со густи веѓи и сини добри очи, која ја вардеше мајка ми од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Разнесените парчиња од институциите им паѓаат врз главите на луѓето, дождови од камења и арматури врнат врз нив, а тие се веселат а уште погласно извикуваат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Илузијата што ја скриви птицата веќе не постои Исчезна и опашот и жолтиот клун и монистата на песната На гранките ѕвездени гроздови Зборовите паѓаат врз белината Сѐ е стокмено како во градите на будилник Безброј лостови ја држат напнатоста Прстите шетаат по ‘рбетот на времето Но гласот на сестра ми го слушам додека се обидува да го смести својот насмев на лицето на една исплашена кукла.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Низ времето втасуваше до него здивеното „ај ааај!” тој остер повик на упорните прогонители тие ровја што му паѓаа врз телото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Даниел веднаш виде дека брат му Френк го размачкува малтерот врз еден дел од сенката на девојката, што паѓаше врз ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
11 11 Иако заради осигурување на правото на заштита од дискриминација, законодавецот предвидел дека товарот на докажување, при поведување на работен спор од страна на работникот, дека немало дискриминација паѓа врз работодавачот, сепак постои јасна дискрепанца во легислативата помеѓу судската и вонсудската заштита од дискриминација.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оддалеченоста помеѓу стиснатите дланки и градите се намалила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, зачуден од маглата што паѓала врз разбуричканоста околу него, од тишината и од ослободувањето на земјата од сенки, заринкал со лице во земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Таа е нема“, пак повтори жената, со дланки покажувајќи ѝ го лицето на девојката за да не гледа како сѐ уште ги распарчуваат мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот Дмитар-Пејко сепак знаел како изгледа она што другите не го гледаат и знаел дека од дебелата 'рскавичавост на животното се одбива семоќен ветар и паѓа врз нив разбиен во капки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо ги дофаќаше гласовите, насмешливи, пакосно развеселени, ги чувствуваше врз себе погледите што сожалуваа, осудуваа, навредуваа и сето тоа како тежок товар паѓаше врз него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Банчината зграда се лула и витка, фенерот паѓа врз калдрмата и матно се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само, на едниот агол од дворчето мора да има старо дрво зашто на него треба да биде закачен кристален лустер, од оние грчките, а од него светлината да паѓа врз маса направена од дрвени талпи, поминати само со една рака боја и доволно голема да собере барем петнаесеттина гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овде посилно од секаде замираше жолтото есенско лисје, паѓаше врз рамената на белите статуи, кои идеа од различни епохи на француската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чекорев во патеките на големиот Луксембуршки парк, близу сенатот на Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Светлината што изгледаше посилна од обично, паѓаше врз неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Околу дваесет или триесет бомби неделно паѓаа врз Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Марин Крусиќ се покажа другар, и сенката што паѓаше врз ликот на Атиџе, тоа дека таа е најверојатно од друга вера, вешто ја осветлуваше со некои ведри, иако лесноумни забелешки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Толку ги раширила што се прашувам каде сме!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го пуштам... Уште една глава која изникнува откај скалите!... од ќошето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пфф! Пак паѓа врз купот... Ќе му го смачкам устиштето!....
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, кога Маци почна да доаѓа накај мене, набрзина го пикнав и последното парче месо во уста за да не морам да јадам уште и мачешки влакна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, зборовите ми се тркалаа низ устата и како да ми паѓаа врз нечистиот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш чувствувам како завојот ми натежнува и како една капка црвена крв ми паѓа врз коленото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Капките паѓаат врз тревата и зелените лисја на Јановото цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ им е тешко - и нозете што ги влечат и очните клепки што им паѓаат врз очи и шинелите и капите, освен сувото парче леб и голтката вода...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И зошто не може да запамти што сон сони, што сон ја мори и чувствува дека паѓа врз белите веленциња и дека некој ја вика, ја тресе, ја буди, превртува и собува....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ме чека друштвото. Одиме вечер на забава, - и мина со прсти низ косата, која убаво му паѓаше врз челото, а од страните му беше залепена од желето што го употребил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)