- Само со прстот можеш да покажеш кога од небото паѓа ѕвезда! - се обиде да му противречи Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Подготви ја мрежата за пеперутки. Паѓаат ѕвезди вечерва.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Во ноќта во која паѓале ѕвездите и се притајувале водите, еден нечуен човек, Татар или Монгол или Черкез, чекорел и барал место за голем гроб.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога паѓа ѕвезда во приказната на Андерсен за девојчето со кибритчиња, се вели дека некој умира.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)