Малтерот постојано се лупеше од таваните и од ѕидовите, цевките пукаа при секој посилен мраз, покривите прокиснуваа секогаш кога паѓаше снег, системот за греење обично работеше со половина снага кога не беше сосем исклучен од економски причини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Земјината топка се врти полека како празен екран од кој паѓа снег... Stay tuned.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од екранот во собата паѓа снег. Паѓа полека, ме покрива како топла прекривка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Престана да паѓа снег, ама едно ветре што постојано дуваше го правеше дебелиот снег со заби за сонцето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Додека преминувавме преку ливадите кон дома местото околу нас беше побелено. Паѓаше снег како спроти Свети Никола.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Додека ова го пишувам, надвор паѓа снег.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
АНЃЕЛЕ: (се подбива со Ката.) Требаше оваа година да ја избриче за да не паѓа снег.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Надвор, иако нешто послабо, уште паѓаше снег. Волчешкото завивање, одамна замолкна, но Бојан долго, долго не можеше да заспие.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И речиси секогаш, по прелетувањето на жеравите кон југ, доаѓаше студ, паѓаше снег.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Иако знаеше дека уште од синоќа паѓа снег, иако знаеше што ќе види кога ќе излезе, повторната средба со снежната белина го возбуди.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И кога го родив Ивана паѓаше снег и кога го вратив откај умрените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Надвор паѓа снег.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И на голи очи му паѓа снегот, му ги покрива трепките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Откај ридот дувна ветар и почна да паѓа снег.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- екајте, чекајте!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Да, денес паѓа снег, но јас немам никаква врска со тоа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Станав, и влегов во станот за да донесам ќебе да ја покријам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Заспа. Беше топол септемвриски ден, но јас знаев дека нејзе ѝ студи, знаев дека тој студ ја тера да сонува зима и мраз, сонува како е оставена некаде сама, и на неа паѓа снег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
-Луѓето забележуваат дека паѓа снег, но ретко кој успева да го следи танцот на снегулките.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мислам дека не е, мојот обид да ви соопштам дека текстот веќе е дом, дека во куглата на телевизорот (во која паѓа снег ако се преврти) е содржана целата „куќа“ за која зборуваме, т.е. некаков скелет, некаква архитектонска структура на ред која ќе ни понуди малку сигурност и топлина, како што еден дом и треба да понуди.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Надвор веќе почнува да паѓа снег. Нешто како лапавица. Снег и дожд заедно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А што крцка долу? Нозете во позлата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паѓа снег постојан. Кај отиде бронзата? okno.mk | Margina #32-33 [1996] 146
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Снег вее, белее сѐ. И патот не постои од полу. Ситно, ситно си сее.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)