паѓа (гл.) - дожд (имн.)

Чудна беше таа прва средба: Паѓаше дожд.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Само со повлекување на жицата, врз противникот да паѓа дожд од мински парчиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Џ. вкочането оди до возилото (во меѓувреме и другите две тркала се онесвестиле) Вади од него гитара, со три жици, без горно Е, Д и Г, почнува да свири и пее: - Јас лудо сакам кога паѓа дожд, јас лудо сакам кога паѓа дожд, ситен дожд, пролетен, јас лудо сакам кога паѓа дожд, тој звук ме вика дојди...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
На крајот од филмот, Марсиа умира на клупата во паркот, додека од неа излегува нејзиниот млад дух, кој се среќава со духот на Пол и тие заедно под рака насмеани продолжуваат да одат под расцутениот дрворед од кој паѓа дожд од цветни ливчиња додека во позадина свири „Мила, мила, мила, дали ќе ме сакаш некогаш?... до последната животна пепел, ќе се сеќавам на оваа пролет, ова време на љубовта, на овој мајски ден..“ полека исчезнувајќи во далечината...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Си паѓа дожд и снег, снег и дожд, лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во манифестот се изнесува и втората значајна Хундертвасерова теза, дека растенијата можат да растат на било кои површини на кои паѓаат дожд и снег, бидејќи „таму каде во зима сè е бело, во лето мора сè да биде зелено“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во едно вакво организирано психопладне, погледај низ едниов прозор - паѓа дожд, низ другиов - не.  Колку ти значи литературата?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој формално сфати дека ја пие крвта на сопствената ќерка, но тоа сознание беше толку оддалечено и непотребно, како кога би знаел дека некаде во Австралија паѓа дожд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чудно, притоа не чувствуваше никакво задоволство!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се врати кај масата и седна. - Напишете еден лист: „Што прават луѓето кога паѓа дожд“ - рече и го зеде плетивото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Напишете: „Што прават луѓето кога паѓа дожд“ - рече и го зеде плеталото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)