Имаше цели два часа до поаѓање на возот со кој требаше да патува кон родното Куманово.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се обиде да патува кон соништа во оној час кога месецот се откачи од еден прозорец на двокатниот сандак и отплови нечујно влечејќи го по себе зракот, тој свој бел разбојнички појас.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
5. Паѓање, непрекинато паѓање. Околу него се кршат недовршени предмети и патуваат кон бездната на еден непознат свет.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Седејќи патуваат кон недостижност, крај нив минуваат нејасните облици и бои на ноќта и од свое подземје надојден рој комарци под чии смукалки набабруваат тврди пликови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Патуваме кон исток. Покрај прозорецот на автомобилот протрчуваат стотици села, ридови, дрвја.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Брмчеше нешто, караше некого за слабиот успех, се закануваше, а јас и Земанек гледавме како ливчето полека патува кон Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Познато ми е, податоков сум го нашол во една книга: електромагнетните бранови од вселенската бескрајност патуваат кон нас приближно 300 000 километри во секунда.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Откако се сместија во авионот и кога сфати во какви околности патува кон својата земја, на Марија ѝ се стегна грлото.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Никогаш родниот крај не ѝ изгледаше толку привлечен, но истовремено, толку ѝ беше мачно што патува кон него сега, сама со синот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На невидлив ескалатор, невидливи деца патуваат кон небото.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Моето пишување за Балканот на мајчиниот јазик, потоа на јазикот на моето образование, македонскиот, во времето кога се загрозуваше соживотот на народите на овие јазици, кога преовладуваше сеништето на делбите и територијалните разграничувања на населенијата, судбината на моето пишување, моето служење во дипломатијата како прв амбасадор на Република Македонија, беа клучни прашања со кои се соочував во мојот живот во потрагата по вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но јас го почитувам секој ваш збор кој патува кон Балканот како дел од молитвата на вашата добрина... Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Стрелката во татковата душа - компас, по долго треперење, во еден период покажа дека треба да патува кон северозапад, се разбира доколку опстанеше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се отслика на небото означен кружен тек... пат од огнени исправени лавови, лавовски сонца ... по кој синот на сонцето ќе се движи... ќе патува кон таткото свој!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
- Пролетта патува кон нашите брегови.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Патуваме кон исток. Покрај прозорецот на автомобилот протрчуваат стотици села, ридови, дрвја.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)