Селаните чекаа на ред испоседнати под сенката на дрвјата или се сменуваа држејќи му го коњот за оглавот за да пасе или да се напие вода на езерото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пашата не знаеше што му е помило - дали кога ги гледаше срните, како безгрижно си пасат или кога претрчуваа, како стрели, подгонети од ’ртките или пак кога го правеа последниот скок, по истрелот, и пискаа како мали деца. Сѐ го возбудуваше...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)