пали (гл.) - свеќа (имн.)

Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се некој го терал во црквата да пали овеќи за да има светлост, и дури кога клал чаша и го запалил кандилото, тогаш престанал да го тера да пали свеќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра почна редовно да ја пали свеќата откако ќе си лепнеа Илко и Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Руса, пак, цела една седмина потоа, и дење и ноќе седеш тука, го китеше каменот со цвеќиња, палеше свеќи и го тажеше Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не треба секогаш да се пали свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Направи неколку чекори и како да се присети - тажно, со растреперен глас заврши: - Синко мој, нема љубов таму каде сомнението пали свеќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ноќта ме труе со зло, сами сме јас и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Денот умира зад планината, се пали свеќа во осамена ноќ и од тишината барам утеха.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дел од нив со свежи рани во душите во тајни собири во Цариград палеле свеќи, изговарале христијански молитви, а понекогаш други ќе се најделе кај дервиши, припадници на еретски братства кои ги опседнувале со каузистички толкувања на божјото видение...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сонцето повремено му светнува на прозорецот како да му пали свеќа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не знам зошто но таа свеќа ме лути иако често и самиот сум палел свеќи заради прочистување на воздухот а и заради атмосфера.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вниманието го заглавив на далечинскиот управувач кој, пак, беше веќе заглавил на Плоштад Македонија на кој беа преместени градските гробишта, и мноштво луѓе палеа свеќи за покојните.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога ти го споменуваат нејзиното име палиш свеќа. Кога не мислиш на неа воопшто не размислуваш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
(Пали свеќа. Ги буди сите.) Има некој горе. Има некој на таванот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во кусите неделни денови го посетуваше гробот на дедото Костадин, палеше свеќи на него, водеше нем дијалог со сестра си Добра и со Чана, ама никако да се натера во долгите ноќи да напише писмо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зачуден зошто мајка ми пали свеќа кога е од друга религија, таа ни одговараше дека и кога живеела во Поградец, палела свеќа во манастирот Свети Наум, како што православните Албаници, оделе во џамии...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан за ти, мајко, да ми палиш свеќа и да ми раздаиш задужбина.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ами тука, мајко, во оваа пустелија ќе умрам и орли, врани, месата ќе ми 'и јадат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Акакиј Акакиевич мислеше, мислеше и реши дека ќе мора да ги намали вообичаените трошоци, најмалку во тек на една година; да се откаже од чајот за вечера, навечер да не пали свеќа, а ако е потребно нешто да се сработи, да појде во собата на газдарицата и таму да работи покрај нејзината свеќа; додека оди по улиците, да гази што е можно полесно по камењата и плочите, речиси напрсти, за да не се излитат пребрзо ѓоновите; што е можно поретко да ѝ ги дава на перачката валканите алишта, а за да не му се валкаат, секојпат кога ќе дојде дома да ги соблекува и да останува само во полупамучната облека, мошне дамнешна и поштедена дури и од самото време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ме погледна изненадено: – Ние, сине, си палевме свеќи во цркви и во џамии одевме. И рисјани доаѓаа во нив!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неколку војници палат свеќи. Потоа седат на гробовите и гледаат в земја, под себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)