Во бараките се палат светла и се појавуваат глави на прозорците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И така секој ден внимавав во која канцеларија најпрвин се палат светлата, во која најдоцна се гасат.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
(Соба. Мрак. Се отвора вратата. Влегува Сара. Пали светло. По неа влегува Стево.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
(Соба во куќата на Андреевиќ. Мрак. Се отвора вратата. Влегува Стево. Пали светло. На масата седи Симон, пијан, со шише до себе.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)