пали (гл.) - кандило (имн.)

Со далечинско го палиш кандилото оболено и се крстиш пред семожниот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
а во Америка не палат кандила, како кај нас: со газија и со жарче, таму огнот го водат по некои телови, и не се гасне со дување, дувај си ти, ако немаш работа, и залидани сме, ти велам, некаде, којзнае каде, меѓу облаците значи облак ни го однесе алето,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Калуѓерите ќе палат кандила и ќе се молат, а јас ќе пишувам, ќе препишувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)