пазари (гл.) - со (предл.)

Црно ти лафење, отиде десет оки сирење — десет банки, цела франга и повеќе, ама Петруш ја изведе работата мајсторски; човекот се засрами пред луѓето и му го „ариза" сиренцето, а Петруш продолжи да се пазари со свадбарите:
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Се пазари со Јована?“ „Се пазарив“. „Да не му даваш пари предвреме“, рече Бамбо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овде се или во некој ресторан, ахчилница, слаткарница - на сладолед и млеко, или во шкембекчилниците, или во некој магазин каде што се пазарат со продавачите, или пак - се вџашуват пред ветрините на златарските дуќани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)