Збрложени, што се вели, си го криеме метилот под јазик. Дотолку сме паднати долу.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но, во наредниот миг може пак да се падне долу!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
– Токму јас прогонет да бидам од секоја вистина! Единствено будалетинка сум! Единствено поет!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неколку гранки, покосени како со секира, сплускаа и паднаа долу.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)