Во една пригода, верувајќи во својот предлог Арафат ќе истакне дека во рамките на движењето Фатах, Палестинците и еврејските сафарди, кои го сочинуваат мнозинството во Израел, и имаат многу заеднички обележја и би можеле среќно да живеат ослободени од ционизмот и арапскиот национализам Арафат набргу официјално ќе го напушти својот сон за создавање на една обединета и демократска држава, кога на 15 ноември 1988-та, во срцето на Њујорк, на Ист Ривер, пред двесте дипломати и други поканети ќе го заврши својот говор со зборовите, со стиховите на поетот Махмуд Дарвиш: Ви носам маслиново гранче и пушка на борец за слобода.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)