падне (гл.) - под (предл.)

Но место предавање Петко му запна еден куршум и коњот падна под агата, а тој старски побегна назад за Маково, оставајќи го Бахтијара сам да се расправа со бунтовниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш што направивме? Од ропство под Турција ќе паднеме под Бугарија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Веќе минатата, 1893 година, - продолжи Даме, - во Солун е образована Внатрешна македонска револуционерна организација.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога последнава падна под Византија, Македонија беше слободна држава за извесно време и со успех се бореше против Византија и ја имаше под себе цела денешна Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше спротивно на тенденцијата кон механизирање, која стана квазиинстинктивна речиси во целиот свет и, уште повеќе, секоја земја што остануваше индустриски неразвиена беше беспомошна во воена смисла и беше осудена да падне под доминација, директна или индиректна, на своите понапредни противници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ми кажеш каква било лага, или ако се обидеш да се извлечеш на каков било начин, или дури ако паднеш под твојот вообичаен степен на интелигенција, во истиот момент ќе викаш од болка. Разбра ли?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, ако ми верувате, тој ми ја кладе раката на градите и ме турна толку силно што речиси паднав под тркалата на еден автобус.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На Нумо длабоко му го отвори своето срце и му се чинеше дека беше единствениот човек со кого можеше и имаше за што да разговора.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Костур рано беше паднал под капата на грчкиот владика, како ли му беше, аха, ми текна – Каравангелис, ли? Не, не, тогаш не беше тој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)