Во еден од тие самотни зимски денови, ме стресе звукот на ѕвончето на вратата – толку долго никој немаше заѕвонето на него, што имав заборавено дека постои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Утре брезничани ќе ја посветуваат новата црква отаде на Брегот, во гробиштата и затоа сите сакаат да падне снег. Да не цапаат кал.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А потоа едно зимско утро излегов на балконот и видов дека на столот на мајка паднал снег, го покрил нејзиното испразнето место.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но сега гледа Богдан низ прозорецот: паднал снег и ја очистил маглата. Снегот се отсјајува на сонцето.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Така беше... а тој ден беше претпоследниот ден на ноевмри и утредента падна снег и фати голем студ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)