падне (гл.) - мрак (имн.)

Сповојницата и наречниците поминаа, но откако ќе падне мракот, па се додека пропеат петлите, во огаништето уште гори опурчак од свинска кожа и страшно мириса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе го брани тој долот дури да падне мракот, а во темницата ќе се извлечкаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И штотуку падна мракот Тренков, восхитувајќи се, почна да им обрнува внимание на другите војводи и четници: — Слушајте, слушајте! ридиштата одѕеваат нешто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си си зготвила слатко и благо и само чекаш да падне мракот да си а засурмиш вратата и да си го викниш светијованчето на постелата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бучеше нешто, како тапан некаде да бие без прекин, но од каде идеше, уште не можеше да се разбере, бидејќи воздухот уште беше исполнет со денешната врева.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А ти утре треба да одиш на училиште. - Добро, дедо, - одговори Дончо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога ќе падне мрак, некако ќе се извлечеме...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За да не го земеме селово нашија и да го спасиме од Турците да не го изгорат, мораме да го пробиеме обрачот и да излеземе надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Облечи се со баба ти дури не паднал мракот. - А зошто? - праша Дончо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А луѓето како луѓе: веруваат дека варварите доаѓаат ноќем или пред да падне мрак!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И се сурнав потоа на Sirmium, на Singidunum, на Naisa, Sardica, а од тука и - Константинопол и уште копнеев и Троја да ја видам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се врати кај момчето. Легна покрај него и чека да падне мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога ќе падне мрак и на небо ќе изгрее полна месечина, ќе се перпелкаме во покосената трева и ќе правиме деца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сѐ подготви и штом падне мракот, со камиони, со мазги, коњи, магариња, волови, на рамо, на плеќи да почнеш да пренесуваш оружје. На извршување!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пак облак покрива небо... Не споплати веќе квечерината и не забележавме кога падна мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Авни ѝ кажа на Азра дека жените (ноќта тој требаше да помогне во нивното регрутирање за испраќање во странство и за давање услуги според договорот со Друштвото “Осамени срца”) веќе ги пренесол со комбето уште пред да падне мракот и дека тие чекаат во ресторанот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите како да заборавија на тегобното време и во себе и во домовите. Падна мрак. Си разотиде народот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе падна мракот додека гавазот и Бошко, со мртвото тело преку своето седло, се прибраа во градот, па валијата нареди покојникот да ја преседи ноќта во куќата, иако според муслиманските обичаи тој требаше што поскоро да биде закопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И кога сосем падна мракот, јас престанав да си ги бришам солзите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Единствено што можевме да направиме беше штом падне мракот да дадеме наредба за повлекување, туку и таа не стигна до сите бригади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надвор веќе падна мрак.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Иако уште не беше паднал мракот, низ буките беше сѐ повеќе и повеќе мрачно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се разбира, ќе поминат барем неколку десетлетија додека “информатичките домови” не станат помасовна појава кај нас (прасињата се вртат околу себе, шума, веќе паднал мрак, благо хипнотизирани од “нередот”, трепкаат светулки ко осамени души на Интернет).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)