Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Е, да ми паднат некои од ниј, греј не греј, ќе му го тргам пишчолот со сет кев.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А на крај може да падне некој паушал како хонорар, ако директорот позитивно ти ја оцени работата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Никогаш не ни се падна некој подобар поробувач.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стариот по ова се смири, му падна некоја голема тежина од душата, и тој ноќта спиеше лесно како ретко порано.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)