Се пукаше од сите страни. Уште не паѓаа бомби. Се очекуваше другиот ден, утрото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но очекуваше друга пригода, во некоја вечер на чарадакот, да си го раздиплат минатото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Максим, седи на чело на трпезата, од кај пенџерето што гледа на југ, на дворот и гумното, го достигнува пагурчето, вели Бог да го прости но не отпива како што носи редот и како што очекуваат другите; вртејќи го низ раце пагурчето претура низ главата и одбира мисли и зборови со кои ќе може да ги натера другите д се согласат со она на кое мисли да ги повика, а пак да изгледа како тие него да го повикале да се согласува со нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не беше од оној тип луѓе постојано што говори и очекува другите само да го слушаат, ниту пак од оној тип само што слуша, а не отвора уста ни да потпраша ни пак да одговори.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)