Но ваму е доста тешко ... Нѐ очекуваат големи борби ... - Ако, ако учителе ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ја очекуваат големата свеченост, која започнува со отворањето на кафезите, од кои излегуваат заробените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Организаторите на Велесаемот годинава очекуваат големо учество на странски излагачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таму се очекувале големи реакции, немири. Нема куќа без уништена коза.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Излегуваат поздравени од воодушевените извици на насобраната толпа, излегуваат со своите чудни погледи, со своите неразбирливи мрморења, во распарталени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
– Да, ние треба да знаеме оти од учеството на сиот “концерт” може да се очекува големо неблагозвучје, помал притисок врз Портата, отколку што може да се очекува од работите на двете најмногу заинтересирани држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)