Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја зграпчив за косата и ја повлеков назад; таа офна и падна; јас го фрлив шишето во ѕидот, тоа се скрши, и јас веќе следниот миг нафрлив врз неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Бабо мила, и ти си ја видела ѕвездата? - офна и сета омалена се згуши во скутот на баба.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Пелагија офна и рече Да, мајко Персо, се пече на два огна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тие нешто бладаат, ќе ја клоцнат чергата со нозете, ќе го соберат ложникот, ќе офнат и како ќе офнат тие, така и јас офнувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа ќе офне и мене пак студен нож ќе ме удри овде, во срцево.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)