Сувиот тричник би бил премала награда за едно вакво благородно дело, за една ваква немерлива верност, па Бојан отчепи парче од својот леб, зеде и малку сирење, па сето тоа го здроби, го измеша и го изгмечи. Сосем добро за проретчените Караманови заби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)