открие (гл.) - нејзин (прид.)

Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Настојуваше длабоко во ноќта врз својот ракопис да ја одгатне јаничарската порака и да го открие нејзиниот код длабоко врежан кај балканските народи, за да проникне во суштината на историските случувања, за да ја осмисли иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека се одвиваше ова „пазарење“ таа беше сосема свесна за својата надмоќност, но во исто време и за сопственото одење по жица и можноста да биде откриена нејзината скриена животна страница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се плашеше да не ја откријат нејзината лага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја подаде раката и ја откри нејзината нога, дојде до коленото, го сети нежното месо над него, полека упатувајќи се кон местото на најголемите таинства, и пред да стигне таму, таа му ја стегна алчната дланка со нозете, не допуштајќи му да оди потаму.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ФЕЗЛИЕВ: (Ја гледа. Отспрвин не ја разбира, но кога ќе ја открие нејзината намера и уште повеќе јаловоста на тој нејзин обид, тој ѝ се обрнува веќе мирно и смирувачки.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но тој не сакаше да ја открива нејзината тајна. – Според верувањето – продолжи Татко – Куранот му претходи на создавањето на светот, како и на арапското писмо!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот гаѕер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)