открие (гл.) - вистински (прид.)

На мигови, сакаше сите времиња да ги поврзево едно и да го открие вистинскиот излез.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако постои Бог и ако се појавил некогаш во мојот живот, а тој се открива кога ќе се открие вистинската молитва, тогаш тоа беше кога ми ја одреди мисијата да ја откријам светлината на кадиските сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Осветлените прозорци како да му ја открија вистинската цена на изгубеното!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да, тоа е суштинското прашање прифати Камилски но ние бездруго ќе ја откриеме вистинската причина, откако ќе ги консултираме сите западни книги (кои ги носам јас), но и сите источни (кои ги имаш ти ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во таа последна битка веруваше дека во судбината на Татко го открил вистинскиот балкански сојузник...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во своите мисли механичарот се мачел да ја открие вистинската причина за експлозијата и за пожарот на паробродот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судот, се разбира, сакал по секоја цена да го открие вистинскиот идентитет на обвинетиот; дека се викал Павел Шатев, дека е од Кратово и дека е турски поданик.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Срцето му тропна и му ја откри вистинската љубов.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXI Во свет без илузии и без светлина човек се чувствува осамен, туѓинец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Редовно балканските книжевности ни овозможуваат да откриеме вистински бисери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Клодин Хелфт Arche, janvier 1998 Во 1632 г., Галилеј побарал од инженерите да ни го откријат вистинскиот систем на светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како да го открие вистинскиот излезен пат кон Америка, кон една од варијантите на можниот спас?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тоа Татко го гледаше чистиот континуитет на јаничаризмот, колку што беше голема немоќта да се открие вистинскиот континуитет кој одеше кон обединувачка апотеоза на прекинатите развојни линии, при што зајакнуваше илузијата кај новите победници - да го наложат погрешниот континуитет кој почиваше врз утописки основи, за да го достигнат, вистинскиот, органскиот континуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само Татко умееше да проникне најдлабоко во Мај­кината самота, да ја разбере, да ѝ ја открие вистинската смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)