открие (гл.) - свет (имн.)

Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Велиш: „Одам по рабовите“ - нели од рабови составуваш целина однапред осудена на распад - Ѓаволот на уништувањето бдее над совршенството држејќи долги остри ножички меѓу прстите, па слатко, со апетит сецка, дроби, кастри перверзно смеејќи се оти знае - оние кои се изрежани на ситно без престан крварат и бараат серум во умешноста да откриваат светови што не можат да ги задржат само за себе па ги исплазуваат како јазик или, бараат пат под нозе или, си го менуваат идентитетот бегалици засекогаш или, се претопоуваат во коктелите на натурализацијата асимилацијата од оваа страна на границите од онаа страна на границите а тие, проклети, се менуваат до бесвест додека ние паѓаме во вртоглава инфлација се занимаваме самите со себеси онанично, параноично безочно !  Суво злато, делба  Сѐ друго е минато - Македонија што ја нема - Македонија, мрачен предмет на желба зар и тоа е Македонија бездомничка Македонија суво злато Македонија подземен свет глобок сон тајна историја темно време.  Алчна, одиш во пресрет на судбината и го бираш поголемото од двете...  Земја си, одбрана да ја усовршува поетиката на делбата.  Да експлодира.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но ако барам некое оправдување за себе, ќе го речам твоето: го правев тоа од немајкаде но и од некој необјаснив бран на задоволство од изненадите што ги носи тоа немајкаде и те турка кон некој брег на кој мислиш дека конечно ќе го откриеш светот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)