Нејзините чатални траги – секоја ќе те одведе во друго беспаќе, А ние сеедно се веднеме белки ќе ги откриеме патеките на нејзините бегства.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Или, ја беше открил патеката по која поминуваше онаа моја помисла дека си пречат стаклената масичка, големиот црвен трон и истрошеноста на насмевката на писателот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Погледнете ги само одличијата што им го красат Сонот на пофалените граѓани: Перо од крило на тропска птица; Рачка од слонова коска; Заб од вепар; опаш од сребрена лисица. (А од долапите љубоморно тропаат, Похвалниците, медалите, ордените) Кога се во прашање поразите, Никако да ги откриеме патеките што водат до нив (Или ќе се повикуваме на недоодни лавиринти?)
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)