открие (гл.) - секој (зам.)

Не го искористив случајов за да ѝ укажам колку е грдо и неупатно кога се користат ваквите настани за да се сврти вниманието на себе си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега сфатив оти мажите имаат муцки на најосетливи кучиња; и тие како и загарите знаат да откријат секоја трага, се разбира кога е во прашање месото на лесна жена".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)