открие (гл.) - некој (зам.)

Солидниот интелектуален напор што Зоран Кравар го вложил за во личноста и делото на Мирослав Крлежа да открие некоја цврста точка врз која што би можел да се потпре модерниот граѓански идентитет, останал залуден.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе мора прво да го испровоцира Томо да ѝ открие некоја од неговите авантури.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги тркалаше Стомачето очите, секогаш кога ќе откриев некоја од тајните кои вешто, а понекогаш и не толку вешто ги криеше од другите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Според изразот на неговото лице, тој како да открива некоја страшна вистина.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тој никогаш не лежел со тебе цела ноќ на плажата во Камакура, никогаш не ги слушал твоите кошмари, никогаш не чул како целото твое детство се менува под тие ѕвезди, се менува и се превртува, додека твојата детска уста се отвара да открие некое ново минато, секогаш она за кое тврдеше дека е реално и сосем вистинито.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)