Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И сега, сине, ме мачат мисли, дали и јас не го наследив мајкиниот ген на заминувањето кога, имајќи го фашизмот зад петиците, го откорнав семејството и заминавме...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)