Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Патем, сѐ ни беше толку многу погодено така што отидовме уште во една кафеана и таму испивме уште по две чоканчиња од тој ликерот зелен после што бевме навистина пијани.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Си отиде уште на првото умирање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Петруш Пушмарко отиде уште понатаму од Перета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)