отиде (гл.) - таму (прил.)

Беше му отишле таму, во Тројкрсти, го издемниле едно утро, во раното, додека си ја орал нивата и со стапови му ја здробиле главата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едни отидоа таму за да се изучат и уште еднаш никога не се вратија во Потковицата, други заминаа да бидат учители по градовите и манастирите, трети, таму, во Солун, во Битола, во Прилеп станаа трговци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пак отишле таму, во Тројкрсти, кај синовите на предавникот, а тие во меѓувреме не тргнале оп стапалките на татка си, биле партизани, станале офицери во нашата војска, и им кажале и кога го убиле и зошто го убиле и кај го фрлиле потоа татко им.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па од страв од самовилите, освен нив овчарите, уште само некоја куражна баба, ако ѝ беше таква нуждата, крајна, и ако можеше да јамчи за својата безгрешност, смееше да отиде таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
В сабота ќе му отидеме таму, во Прилеп, и ќе го извикаме јали кај Мустафа ефенди, јали на дуќан кај Тимона, јали во некој ан и ќе му речеме дека било што било, сега сакаме да се измириме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да работеше и таа во Одделот за документација можеше да биде релативно поедноставно, но тој имаше само мошне нејасна претстава за приближното место во зградата во кое се наоѓаше Одделот за проза, а немаше никаква причина за да отиде таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А најлошото од сè е што отиде таму со манекенки, за да ги прави тие негови ревии...!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас и ти нерасположени прашавме за најблискиот хотел и отидовме таму да преспиеме.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога последниот пат отидовме таму, кај твојата пријателка Рина, пак двајцата болничари ја буткаа количката, јас одзади, трчав со ќесето полно со снимки и резултати.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му отидов таму, седнав на навлаката за раце, го бацив среде ќелавата глава и го прашав, „Не ми докажа:“, му реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама кога отидов таму, ја најдов таа женичка му, завалијата, сама.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас, кога отидов таму, им велам, Вистина е, Едо тоа го рече, ама јас му реков така да вели за да можам да чујам што ќе речат другите та да можам да ви кажам вам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зошто отиде таму? Ниту имаше намера евтино да си купи измеќар, ниту да биде прост сеирџија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бах имал шеесет и две години, и станал познат во Потсдам уште и пред да отиде таму.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И кога дојдовме првпат во Гревена, јас отидов таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И рацете сами ми отидоа таму, се фатив за удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, не се реши да отиде таму и тргна кон дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не отидовме таму, а толку многу сакавме да ги најдеме нашите први детски траги оставени на туѓа земја, уште еднаш да стапнеме на истото место од каде зачекоривме по патот што не однесе во далечни земји, а толку многу тоа си го прижелкувавме, зашто од тука почна нашиот растур по светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бидејќи татко ми живееше во Скопје, Кисела Вода, отидов таму и му реков на татко ми: Абре тате, ковчеже го викавте сандакот мртовечки, а ковче, мало мртовечко сандуче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)