отиде (гл.) - подалеку (прил.)

Можеби барале начин за имагинативно проширување на своето искуство, да отидат подалеку од себеси, да избегаат од знајниот свет и да си ги остварат желбите без да се ограничуваат од тоа кои се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И да биле некаде во помлади години, не отишле подалеку од Струмица, од Мелник, од Штип, па кога зборуваа за светот, нивните претстави не одеа подалеку од тие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отидоа подалеку од местото каде живееја, а брзо се најдоа под мое око.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пишав и до ЦК, вели, и до главниот одбор на ДАГ, но писмата изгледа не отидоа подалеку од овдека...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)