отиде (гл.) - ум (имн.)

И кај не ќе ти отиде умот тогаш?... За никаде бил човекот сам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИТРЕ: Е, пара спечалило кучето! Кога го поткренав и видов дека е тешко помислив дека е сребро, а тоа, жено, злато! Ич на злато не ми отиде умов!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
При последните мисли и отиде умот на Ангелета: Дали ќе го најдам и него таму?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)