Коњот пак, кога отиде таа да го погали, само што му ја стави раката на вратот кај гривата, тој за'ржа. Вервај, мене ми се скина срцево.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој сакаше да ме намести таму како снабдувач.“ Не, ова е смешно, мислеше, кога си отиде таа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Никој не знаеше каде отиде пријателството, погледите, човечката убавина, добрината, Големата вода, сонот, желбите. Сентерлевиот рид, птиците, сонцето, какво е ова време без ветар, без дожд, што не зашумат светлите води на пролетта, какво е ова суво, јалово време, овој голем снег што ни ги затвори патиштата, оваа темница низ која миневме како сенки, непознати, оваа отровна прав во очите, каде отиде таа златна светлост од окото на Кејтеновиот син, каква е оваа лага што нѐ покорува, што нѐ разделува?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И каде ли сега отиде таа беспрекорна и безусловна, непоколеблива, слепа, тврда. огромна и нескршлива верба?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И навистина. Утредента кога отидов таа беше покриена со бел чаршав преку глава, како што обично е во филмовите, оние трагичните што ги режираат за да плаче народот, ако нема за што друго!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога отиде таа, таму никој друг... се најдоа сами... чекаа чекаа ама никој друг од учениците немаше...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)