По враќањето од погребот, жена му на Мил преднаш побрза да го отвори ковчежето од Илко и да види што има внатре.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И тој го отворил ковчежето, и видел: сите коски на таткото негов, букви тврди, на местото свое биле, а меките ги немало, оти месото од телото прво се распаѓа, и кај човекот и кај зборот што умира.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)