Оттаму гушнати итавме да се отвориме еден во друг како што се отвора секој сон и како што сите ткајачки ги раздиплуваат своите черги врз кои потскокнуваат големите надежи сеедно што не се гледа баш јасно кој го крка месото, а кој ги глода коските.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
И гледај, таа што ќе ја засакаш, да те засака и таа тебе; да ѝ го најдеш клучот од нејзината брава; зашто секој клуч не отвора секоја брава; по тоа се разликуваат душите на луѓето; секоја си има свој клуч...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Првин се зафативме со мебелот. Ја отворивме секоја можна фиока; претпоставувам, знаете дека за добро обучен полициски агент не постои ’тајна’ фиока.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)