А сега стани со светлина во очите, раздувај ги црните сеништа што буричкаат во твојата душа, отвори се за твоето чедо и за сите други!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Отвори се, мила на тетка, тетка Перса што нема видено и чуено!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Небо, отвори се. Ме надгласува тоа бело морничаво довикување на молњите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Мурџо, златниот? Стегни срце, пуста Пелагијо, набркај ја болката, отвори се за радост!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сезаме, отвори се, беше непозната тајна за него, беше игра на лотарија со недостижна премија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)