отвора (гл.) - прозорец (имн.)

Пролети, младичот прво ги отвораше прозорците А потоа ги поправаше часовниците, ги чистеше, разместуваше...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Постариот внук го отвара прозорецот: - Тегобност!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Еве, еве... (Го отвора прозорецот). Кој е?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Некој некаде како да отвора прозорец: поднаѕирнува и ги затвора крилата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
АНТИЦА: (отвора прозорец). Кој вика?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од запуштеното огниште излегува чад; ќе го отворам прозорецот ширум; но првин сакам да го видам болниот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Секако“, мислам богохулејќи, „во такви случаи боговите помагаат, испраќаат коњ кој го нема, поради итноста додаваат уште еден, па уште и те даруваат со коњушар.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мама го отвора прозорецот. Ги прашува девојчињата: - Девојчиња, зошто не си играте со Малинка?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)