останува (гл.) - уште (прил.)

Соколе останува уште долго неподвижен така како што беше задремал, како да нејќе да ги отресе од себе последните мрвки од сонот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но и за госпоѓа Камилска и за Мајка најбитно беше што нивните сопрузи колку и да се оддалечуваа со нивните идеали, со метафизиката на нивниот бег во историјата, тие си остануваа уште поцврсто на Балканот со нивните здружени библиотеки...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се ближеше пладне, но остануваше уште многу време до ручекот, а тие беа уште само на теоретскиот дел на дебатата за заемките на источните јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од авлијата веќе идеше миризбата на големата пита тикуш под врелиот сач околу кој стоеше Мајка вадејќи жарчиња од пепелта и ставајќи ги на голите места на врелиот метал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Долгиот му остануваше уште еден месец до завршувањето на воениот рок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остануваа уште многу битки за потомците...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Предиграта ја видовме: со војните... За играта дознавме кога се играше во Версај... Сега ни останува уште да ја видиме доиграта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Времето и волјата се беа сојузиле. Остануваше уште една ноќ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Речиси цела визба ја преоравме. остануваше уште оној дел покриен со дрва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Така. Го завршивме полесниот дел. Сега останува уште потешкиот, да си најдеме зет”, ќе речеше мајка ми, додека ние продолжувавме да се шегуваме, а Рашела се правеше дека тоа веќе не го слуша, излегувајќи од одајата по некоја од безбројните работи, иако во лицето сосем се заруменуваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Остануваа уште два-три говорници. Последниот говорник го крена силно гласот, удри со тупаница пред микрофонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Од 1976 година Водно е прогласено за парк-шума: 3723 хектари е веќе под шума, но останува уште 20 посто за пошумување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)