останува (гл.) - овде (прил.)

Ние не остануваме овде! Не слегуваме во подрумот. Ве зедов вас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„И покрај сознанието дека ја има откриено патеката што може да го изведе од просторниот и временски затвор по кој талка и тоа без изгледи да ги реализира своите возвишени цели, Поетот останува овде, врзан за јаслите на земскиот живот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш земам боледување и останувам овде да чекам зад врата со скратена двоцевка да видам кој ти прави тебе визити рано насабајле. Dixi.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)