останува (гл.) - нивен (прид.)

Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас, поранешниот емигрант, макар што сум ја минал границата на двегодишна возраст, тајно преку Езерото, за албанските власти и натаму останував нивен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)