останува (гл.) - крај (предл.)

Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изложени на ветер и дожд тие гордо остануваат крај нивните кутии исполнети со мистериите на духот, како безброј Пандорини кутии, на чии дна се крие катарзата на надежта во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Остануваше крај Мајка во количката, со цуцла во устата, а кога ќе за­пла­чеше, таа, со една рака, ја нишаше количката, а со другата, успеваше да ги продава кино- билетите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)