останува (гл.) - до (предл.)

Сега е два часот. Малку време останува до муграта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тргнав низ коридорот, во најцрн мрак, јас мрава црна во црна ноќ на мрамор црн, одев низ дворот, кон скрипториумот, каде отец Кирил Филозофот остануваше до доцна во ноќта запишувајќи сочиненија некакви во кои ги прославуваше чудесата и подвизите на божјите луѓе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не доаѓаше да вечераат заедно. Остануваше до доцна в град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)