остане (гл.) - цврсто (прил.)

Можеше да се случи луѓето да заминат, со границата во себе, подоцна границата да се измести и да остане цврсто врежана само во нивните души, без надеж да ја снема во нив, дури и ако, еден ден, се вратеа во стариот роден крај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Татко остана цврсто на поставеното прашање и одговори: Познато е дека исламот се роди во пустина. Во песочен лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Успеав да не се помрднам и да останам цврсто в место. Тој сфати.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во книгите од својата библиотека собра доволно аргументи за да остане цврсто убеден дека сите големи империи и цивилизации почнувајќи од Месопотамската, Египетската, Римската, Персиската, Османската Империја, па с до цивилизациите на Маите, на Ацтеките, на Инките и други, исчезнале или пропаднале во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)