остане (гл.) - слободно (прил.)

На бичкијата од Тошета најде селани од Градешница и разбра дека тие дни потерите се тргнале од кај нив и дека Толе господари со овие села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На пример, една актн-чанта полна со синтетички хероин би можела да ги задоволи годишните потреби сите њујоршки зависници. Америка никогаш нема да биде во состојба да го запре прометот на толку мал производ меѓу купувачот и продавачот, а да остане слободно општество.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понатамошната забрана на крек би создала сѐ поголемо насилство со оглед на тоа дека дилерите се борат за територија. Дури и кога владата би успеала да ги стави под контрола овие супстанци, не би можела да ја укине нивната продажба, барем не по прифатливи цени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа го замоли Ацева да го префрли пак во Мариово, толку повеќе што Бахтијар ги истегна војските од старо Мариово и ги префрли по Селечка и Бабуна, та Толе пак остана слободно да „пашува“ во својот „пашалук“ и му ја исполни Петре желбата на Ѓорчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)