Од неа ниту малку да се поарчи а камо ли да исчезне.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мојот татко никогаш не го доживеа враќањето од егзил во својата родна земја, таа за него остана секогаш затворена.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Отворањето врата е избор. Има врати кои остануваат секогаш отворени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нашето заврши на Балканот, сојузниците однесоа победа на бојното поле, но не исчезнаа и нашето духовно присуство, поврзаноста со луѓето, тоа ќе остане секогаш живо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И да се вратиш, и таму ќе те очекува мисија, како што може да се случи и да останеш во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А во овој мој рапорт пред Боге од Бањи уште додадов: - И за едно чудо нејзината женска големина останува секогаш иста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)