остане (гл.) - само (прил.)

Дома остана само помалото негово братче Мице.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ја платив возната карта и во џебот ми останаа само уште вкупно три американски долари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но исто беше јасно дека не може да се остане само на онаа секидневна потреба од исчекување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уште една е останата само на вратата од општината. А за неа најмногу од сите е заинтересиран полјакот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
10. Најпосле остана Толе сам да „пашува“ по неговиот „пашалук“ — старо Мариово, со своите арамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чесно е тоа, рече Аларах: колку погуста нива - толку побогата жетва...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
се распали, гори Македонија можеби и отшто ги баталивме утринските молитвени песни отшто ги баталивме и вечерните серенади а додолските песни ги избришавме од сеќавањата од сите носачи на звук (останаа само носачите на зло).
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку порано се урне оваа багра толку подобро, а сѐ дотогаш останува само да нѐ трујат со нивните демагошки лајна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во дефицит од интелект останува само продавање на месо и месни производи (читај гз и цицки).
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога ја напушти болницата, заборави на болките. Ѝ остана само една: балетот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Остана само ова страшило за чавки. Ветер, ветер...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крај огинот останаа само Аргир и Веле. Обземени од своите мисли, тие и двајцата долго стоеја загледани пред себеси, без да проговорат или да кренат очи да се погледнат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На премиерата авторот се виде единствен дојденец, па се почувствува како крадец во туѓо лозје каде што останала само јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- И? - И... не ѝ кажуваме на Елена! Се плашам ако ѝ кажеме дека твоето одење на Орелска Чука ќе остане само желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Останавме само четворица Албанци живи што го избегнавме секот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Прилеп, господине, рекла Трајана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За жал тие, мислам на соништата и на надежите, некаде исчезнаа, останаа само привиденијата“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу, многу зборови. А толку малку јаснотија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога останавме само Роско и јас, почувствував колку беше убава песната на канарецот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На земјата останаа само ситни парчиња на издробено стакло.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така јас останав сам... Сѐ пустелија ми се стори.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нема викотници, лелеци, колнежи. Ги нема и бараките. Останаа само магазините.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остана само писанието изрежано со сувата рака на Јеромонахот Захариј и молитвите негови над трикорабниот манастир, свиен меѓу седумте кипариси од левата и седумте од десната страна на брегот на морето кај Атонската Гора.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од мене ќе остане само писанието изрежано на големата стена од левата страна на пештерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
43. Мисирков не им се спротивставува на католицизмот и протестантизмот и од чисто практични причини: овие гранки на христијанството не беа државна религија на ниедна од претендентките за Македонија, па следствено и не беа во директна услуга на завојувачките планови на соседите, додека тој сакаше да ги гледа во Европска Турција и интересите на големите католички и протестантски држави за да не се остане само на едностранчиво влијание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од јагнето останаа само ушите и белото теме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По ѓаволите, па овде навистина останале само капки. Како си можел така бездушно да го отпразниш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И да не беше ти - таа ќе останеше само меѓу мене и Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И токму кога помисливме дека пламенот ќе се вивне до небесата... - а солзата која последна капна го изгаси и последното недогорено жарче, остана само пепелта која никогаш повеќе не се распали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остана само да смисли како да го спроведе својот план. Тоа требаше да биде незабележливо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остана само зелената која се беше претопила во зелените води на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чинеше дека и тој ден ќе се разлета на сите страни, а на негово место ќе остане само врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За како споменик на тој ден, на нашето сретсело да остане само недоградениот задружен дом, оние ѕидишта, кренати до чатијата, што сега се уриваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние сме останале само двајца.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа, породувањето, кога завршува, завршува цела мака и останува само уморот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќеифови! Ама, од нив остануваат само спомени на фотки и ништо друго.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оти во тој јуриш од двесте и педесет души од мојата чета, останавме само триесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, пределот не можеше да се припие до мостот, ниту мостот до пределот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Застана само малку, потоа го прецрта и првиот дел од печатот со своето име. Остана само девизата: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Остро ја дофати пурпурната роза што Парацелзус ја имаше оставено на полицата и ја фрли во пламенот. Бојата исчезна, и остана само малку пепел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Библиски потоп“, рече старчето. „Ќе остане само она што е во Нојовиот ковчег.“ Стануваше здодевно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чувствуваше слаб. Од коските во неговите нозе како да остана само прав. „Ајде“, му рекоа „И биди мирен. Те чека нашиот шеф.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Остана само името на љубената на првата страница на Климентовата дисертација, на која авторот ѝ се заблагодарува за извршената лектура на францускиот текст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе умре водата и од неа, како и од човекот, ќе остане само прав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од него остана само уста што изговараше и рака што потпишуваше сѐ што ќе побараа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но набргу сите се упатија кон своите куќи. Во црквата остана само слепата Донка која не знаеше што се случува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За да не остане само на јадење, муабетот продолжува со: кафиќите на Кеј, кафе у Интермецо, капучино у Деус, Џент'лмен у Џек...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Откако му умре Стојанка, во куќата Сукалова од женска страна остана само Митра, жена на најстариот брат Стојо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По оваа дозвола останаа само беговите со своите луѓе и војската на скопскиот паша.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чана беше задоволна што Петра не ја стави да ја пее книгата, добро е што остана само на кажаното, инаку, ќе успееше ли да ѝ ја најде истата дира на мислата што ѝ ја кажа на Митра?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Остана само ќелијата на Димостен во која можеше да биде сама за да се обидува да се ослободи од несаканото семе, меѓутоа, во неа немаше никакво искуство за такво нешто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нам ни остана само клучот од куќата, во врската со други­те клучеви од напуштените куќи, при преселбите, со пустата надеж оти ќе се вратиме во нив пред да ’рѓоса бравата на заборавот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нешто се случи. Не знам што, ама овде Германците Гала не ја гибнаа само што тој офицерот нејзин ѝ го отргнаа, сигурно на Источниот фронт го пуштија така што Гала тука остана само со срамот на образот...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе остане само твојот метафизички немир гребнатинките, перцето време врз тетратките и фреските продолжениот одѕвон на зборот твојот неспокој, и кога сликаш и кога кршиш!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На ова помислив кога го слушнав она нејзино: нели станува збор за грди, лигави спомени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На жиците беа останати само „ми“ и „сол“. По неколку мига, одлетаа и тие.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Утринава во опулот ми останало само уште едно парче езеро што многу личи на четврт бурек - и тоа не со спанаќ или со месо, ами со бели едра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Подоцна некој ги искрши и тие седишта, па остана само седиштето на најмалата клацкалка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Понекогаш мајка му на Бане доаѓаше со помалиот син, го клацкаше, а тој се смееше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го нема ниту Дрвениот мост што го поврзуваше десниот и левиот дел на градот. Останале само делови од кејот крај реката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Профрчи споменот како врапче што прелетува над двор. Остана само горчината на измамата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ним ќе им остане само да го прочешлаат теренот, да ги испофатат славо-комунистите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од деведесет и осум, способни останаа само петнаесет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Даде, зеде, викаше, се топореше и најпосле ни ги пушти андарите; тие ја запалија црквата, испотепаа едно чудо народ, мене ми ги отепаа и жената и двете деца и еве остана само ова сирачево...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Жена ми умре, ќерките ги омажив, и од сите ми остана само ова женско чедо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Остана само чемерот и маката дека некој излегол поербап од тебе, та што и да сториш, не ќе си кадарен да му ја фатиш мерката и да го исправиш...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имав прекрасни луѓе околу мене. Сега останало само пустош.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)