остане (гл.) - речиси (прил.)

Така, пред почетокот на грејната сезона, битолската топлификација останува речиси без никакви ресурси, а после почетокот на истата работи само десетина дена, после кои престанува со испорачување на топлинска енергија, поради недостаток од мазут.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ваква лоша атмосфера поминуваат и наредните неколку месеци, а во текот на септември 2007, повторно по одлука на „матичното друштво“, им е одземена опремата што некогаш беше инвестирана во би- толската топлификација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во меѓувреме, уметноста на војувањето остана речиси на истото ниво цели триесет или четириесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, на пример, табиетите на Џингис Хан, Сулејман Величествениот или Наполеон остануваат речиси исти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И други диктатори на империи како Карло Велики, Фредерик II, Шарл Кин, Хитлер, Сталин и други, со различни табиети, имаа иста цел да создадат универзална империја, според нивната утопија, според внатрешниот диктат на нивниот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во право си, мој Камилски, без оглед кај кој народ или нација ќе се појави, табиетот си останува табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сигурно табиетот да се владее останува речиси ист?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Минувале времиња, градбите истрајувале, легендите останале речиси исти кај сите балкански народи, со мали разлики, но со заедничката бесмисла за жртвувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Останавме речиси оковани на границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ние сметавме дека оваа поделба претставува голема историска неправда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците останаа речиси без половина од територијата која ја населувале со векови, биле протерани од нивните земји и од нивните куќи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгите му останаа речиси заробени на таванот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Истоштена од семејните грижи, кревка, без некогашната енергија кога ги раѓаше другите деца и долго време ги доеше, некои и по една година, нејзините гради останаа речиси пресушени за последната рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Градот остана речиси парализиран.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)