Таквите сцени се случуваа и во бавчите пред работниците, тој не одбираше место, штом ќе се најдеше во нејзина близина таа или мораше да седне за тој да се смести во нејзиниот скут, или да остане простум кога набрзина ќе се счепчеше на нејзината половина чиниш како кога се качува по стеблото на некое дрво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Малечката Пелагија не ни го слушна своето име, ама мајка ѝ ја завлече кон средината на училницата и ја седна во една клупа, а таа самата остана простум во празното меѓу двата реда клупи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но, надевајќи се на најдоброто, сепак остана простум.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Посакуваме светлина, белина, добрина - денот да ја победи темнината - и така - девојчињата во бели трикоа останаа простум на бината, а среде - висока со чудесна црна коса стоеше Теми...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Иако пред некој ден бев таму, одново ме обзеде возбуда и долго останав простум загледан во тој прекрасен и незаборавен пејсаж од кој тешко откинувам очи и чувствувам неизмерна тага.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)