остане (гл.) - подолго (прил.)

Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога во еден период останавме подолго време сами, А.А., повторно обраќајќи ми се, а тоа го чинеше крајно селективно и само очи в очи, доверливо ми се обрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да останеше подолго жив, ќе беше поинаку и денешниот свет ќе имаше друг изглед.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не е едноставно да се остане подолго време во оваа чаршија, зашто, и покрај тоа што таа е разнообразна и интересна, дејствува многу заморно, токму поради таа бучавост, создадена од пазарењето и викотниците на трговците...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш и добитокот го отераа в село, зашто неговиот единствен син, Данчо, не можеше да ги остави селските работи и да остане подолго време во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Излегуваше дека нејзината одлука да остане подолго во Долнец, го засилува фактот што нема некој силен мотив да брза со враќање дома, во градот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
МЛАДИЧОТ: Не. Мислев само, ако веќе останам подолго, да се видам со еден човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)